fbpx

Во грмушка, позади паркирана кола: Словенец тврди дека знае каде се наоѓа Матеј Периш

Тој нагласува дека ова го прави единствено да помогне во истрагата, а не за себепромоција

Се јави човек од Словенија кој самоиницијативно и со помош на кристален камен се вклучил во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш.

Тој тврди дека 27-годишното момче од Сплит се наоѓа во грмушка на улицата Травничка.

„Од првиот ден ја следам потрагата по Матеј и ги читам текстовите за него. Иако досега не сум барал исчезнати луѓе со камен, одлучив да го побарам ова момче“, ја почнува својата приказна овој човек.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Неочекувана порака за Матеј Периш: Сите се сомневаат во неговата мајка

Вели дека користел гугл-мапа.

„Тргнав од клубот „Готик“, каменот ме влечеше на десно кон шеталиштето на Сава. Дојдов до мостот, но таму не покажа ништо, па ме однесе на улицата Травничка. Во близина на еден факултет, каменот дава чудни знаци. Ми покажува дека тука е Матеј, во грмушка, на напуштена земја, позади некои паркирани автомобили. Не ми дава сигнал дека тој е во вода, ниту на Големиот воен остров, но за жал не ми дава сигнал ниту дека е жив“, заклучува соговорникот.

Тој нагласува дека ова го прави единствено да помогне во истрагата, а не за себепромоција.

„Се занимавам со чистење на чакри и на негативна енергија по куќи. Никогаш не сум барал луѓе, но сакам да помогнам Матеј да биде пронајден. Прикзаната за него многу ме потресе, можеби и грешам, но сметам дека тоа место треба да се провери“, вели тој.

Интересен е фактот што според реконструкцијата на српската полиција, Матеј навистина поминал низ улицата Травничка.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Единствена и неизмерна љубов: Македонија тагува по Бранислав

По кратко боледување почина Бранислав Белевски-Будла, легендарниот физиотерапевт на ФК Вардар. Тажната вест ја потврдија и администраторите на фејсбук-страницата „ФК Вардар Гордост Македонска“. Белевски повеќе од 20 години беше нераскинлив дел од клубот, доживувајќи ги сите негови најславни, но и најтажни денови. Од Будла се прости и Фудбалската репрезентација на […]