fbpx

Јас те родив тебе, а не ти мене! Мајка ги крена на нозе родителите

Кога ќе ги видам младите родители во парковите ги жалам. Се плашат, фрустрирани се, не можат да му се спротистават на своето четиригодишно дете. Трчаат по него со храната што одбива да ја јаде, се плашат да не падне.. Остави го нека се удри!

Се сеќавате ли на времето кога постарите беа авторитет? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие прецизно поставени граници. Доволен беше погледот на татко ми за да ми биде јасно дека треба да ја изедам супата или дека не се зборува со полна уста.

Наставниците се почитуваа. Родителите беа закон и ред. Ги слушавме и бабите и дедовците, бидејќи тоа се очекуваше од нас, и тоа не беше проблем за никого.

Ако не си добар во училиште, едноставно си крив, нема што да се зборува. Нема излегување, нема велосипед, нема џепарлак.. Имаш среќа ако не добиеш „ќотек“. Зборот на родителот е последен!

Сè беше под конец, се знаеше онаа поставена граница која не смее да се премине. Не сакаш грашок за ручек? Ќе го јадеш за вечера. Не го сакаш за вечера? Те чека за појадок. Што има благо? Има јаболка. Нешто послатко? Јаболка со шеќер.. Има уште пет дена до плата, тогаш ќе добиеш сладолед.

Наградите за одличниот успех и добро поведение беа скромни и бевме бескрајно благодарни. Се сеќавам на првиот вокмен. Учев со него и дење и ноќе, пишував песни, поправав оценки, само за да можам да ги слушам „Блонди“ и „Дипеш Мод“ во зелените стартки што ги добив минатата година за одличниот успех. Овие патики беа најдоброто што можевте да го носите од обувки ако имавте некој во Америка.

Не можам да дознаам што се сменило во меѓувреме со одгледувањето и воспитувањето на децата. Децата денес имаат толку многу, а не се особено среќни за ништо. Мрзеливоста се третира како „таков е, што да му правам”. Што се случи со детските игри криенка, ластик, нардона? Се случи интернетот!

Парковите и дворовите ги заменија социјалните мрежи. Подмолно! Преку ноќ! Децата се дружат „онлајн“.

Како родител, го следев старомодниот рецепт на моите родители, како децата да не ти го изедат мозокот или да останеш нормален, авторитетен и да имаш неограничена слобода на движење. Се чини дека станува тренд во кој граници не постојат или родителите не можат да ги постават и одржат стабилни. Тоа во основа се променило,  децата се третираат како да се од морска пена.

Извини, ама јас те родив тебе, а не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење, играње и нема компромис. Тоа едноставно е така. Суштината на родителството не е да му бидеш роб на детето, туку да го направиш чесно човечко суштество со стекнати здрави навики. Да се ​​изгради здрава, разумна врска со детето, каде што секој знае дека меѓусебното почитување е најважно, како и конзистентноста на секое изговорено правило.

Знам дека пак ќе бидам осудувана за ова мое излагање. За многу од родителите, особено овие денешните, сум чудна. И го разбирам тоа. Ваше дете, ваша грижа! Само ми е жал да те слушам колку грешиш, жено. Грешиш затоа што си го пуштила да се фрла на бетон и да те шутира, бидејќи не го добил дваесет и петтото лижавче.. Грешиш затоа што си лишена од сон, бидејќи тоа не спие до еден часот навечер. Грешиш што му купуваш лижавчиња за да биде добар кон тебе и кон другите. Грешиш што постојано му ги бришеш рацете со влажно марамче.. Грешиш, бидејќи го учиш дека секое куче ќе го касне и секоја мачка ќе го изгреба. Жал ми е, жено. Жал ми е, затоа што знам во што ќе се претвориш. Во она што никој не го сака. Дури ни твоето дете..

Следни Објави

Потресно обраќање на Боки 13: Јасминке моја, постои ли клетва за тие што ни го направија ова зло

Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе.. Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени […]