fbpx

Трагичен крај: Почина ракометарот на Бутел

Хрватскиот интернационалец Денис Тот почина на 27 години.

Македонското министерство за внатрешни работи претходно потврди дека ракометарот на Бутел вчера во 04:11 часот бил донесен на Клинички центар во Скопје без видливи траги на насилство и дека веднаш му е пружена лекарска помош.

Дека не бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“ како што првично објавија повеќе медиуми и дека Тот бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, за „Фокус“ потврди и директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

Денис Тот трета сезона играше во македонското првенство. Неговиот поранешен клуб РК Охрид веќе изрази сочуство преку порака на социјалните мрежи.

Пресврт: Ракометарот во Скопје не бил претепан, еве што се случило!

Следни Објави

Братот Борис со потресна порака: Нови детали за смртта на ракометарот на Бутел

Ненадејната смрт на ракометарот на Бутел, Денис Тот, ја вознемири македонската, но и јавноста во целиот регион. На социјалните мрежи со трогателна порака се огласи и братот на хрватскиот интернационалец. „Прерано не’ напушти, драг мој. Почивај во мир, повеќе нема ништо да биде исто без тебе“, напиша Борис Тот на […]