fbpx

Неверување и шок: Македонската естрада завиена во црно

Фантастичен вокал замина во вечноста

Во Прилеп почина Рубин Кантарџиоски-Кантар, пејачот на вокално-инструменталниот состав „Вокс“, бенд составен од музичари, автори и ентузијасти кои беа активни на рок сцената во 80-те и 90-те години на минатиот век.

Во златните години за домашната музичка продукција Кантар остави трага на македонската сцена со својот бенд Don’t!Who!One!

Соработуваше и со култните „Мизар“ на концерти низ регионот.

Со „Вокс“ ги сними албумите „Песни што од секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде“ ( 2012) и „Теодорова сабота ( 2022). Деновиве се планираше промоција на песната „Тагоре“ со стихови од Рабиндранат Тагоре.

„И така, Рубин, во едно пролетно утро, го испрати својот баршунаст и тажен глас во вечноста! Почивај во мир, друже! Испиј една ракија со Ушко, Милан, Боуви..“, стои во објавата на неговиот матичен бенд.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај во мир, татко мој најсакан: Македонка со потресно обраќање до јавноста

Жаклина Димитриева бара финансиска помош за телото на нејзиниот татко да се транспортира од Германија во Македонија. Секој кој е во можност и сака да донира, тоа може да го направи на следниот начин: Sparkasse Deutschland Zhaklina Dimitrieva Verwendungszweck: Spende Überführungskosten für Herr Gjorgi Milenkov IBAN:DE 184785 0065 0100 0416 […]