fbpx

Ми се откорна од срцето, мојата единствена рожба: Потресно обраќање на Јулија

Нема утеха за познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска.

Нејзиното единствено чедо, ќерката Андријана Мациевска, денеска ја загуби битката со ракот.

„Мојот ангел одлета, ми се откорна срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница.. Боли.. Боли.. Боли..“, напиша Јулија на „Фејсбук“.

Погребто ќе биде утре во 14 часот во капелата на градските гробишта Бутел.

Јулија пред две години првпат проговори за болеста на ќерка си. Пред три дена со потресен статус потврди дека здравјето на Андријана е влошено и побара да се молиме за нејзиното чедо. Минатата година и самата Андријана даде интервју и откри со какви предизвици се соочувала во текот на лекувањето.

Ј.П.

Фото: Фејсбук

Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! Почина познатиот актер, сопругата и синот скршени од болка

Почина славниот холивудски актер Фред Ворд, потврдија неговите менаџери. Починал на осми мај, но за неговата смрт се дозна дури денеска, јавуваат американските медиуми. Ворд ја започна кариерата во 1970 година, а првата голема улога ја имаше во култниот филм „Бекство од Алкатраз“. Публиката го памети и по остварувањата „Пат […]