Канцерот не го сфаќам како болест, туку повеќе како состојба на умот, духот и телото, порачува Андријана Мациев, ќерка на познатата пејачка и водителка Јулија, која за порталот „ММС.мк“ одлучи да проговори за ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран минатата година.
– Личноста кога добива болест треба да сврти кон себе, да види што сака, што ѝ годи и што ѝ пречи. Да се одбере себеси, да се прифати, да се засака. Ракот не го нарекувам „зло“ и воопшто не го нарекувам со погрдни зборови – вели Андријана.
Таа и нејзината популарна мајка која последните години работи и како мотивациски говорник, за кратко време ги освоија симпатиите на социјалните мрежи објавувајќи фотографии на кои насмевката не ја симнуваа од лицата и покрај тешките предизвици со кои се соочија.
Со насмевка до исцеление: Ќерката на Јулија и битката со ракот
Пред пет месеци Јулија со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на ќерка си и тогаш откри дека Андријана боледува од карцином на дојка.
На Андријана ѝ преостанува уште една хемотерапија, а со радиозрачењето веќе завршила.
Целата исповед на Андријана прочитајте ја на порталот „ММС.мк“.