Луѓе од сите поранешни ју-републики се’ уште се простуваат од 27-годишниот Матеј Периш кој конечно беше пронајден и погребан во неговиот роден Сплит.
Во меѓувреме, постојано се откриваат нови моменти од потрагата по несреќното момче која траеше речиси цели пет месеци и која го крена на нозе целиот регион.
Една од работите за кои долго се молчеше е поврзана со неговите другари со кои допатувал во Белград. Во комбето со кое патувале било и лице кое било инволвирано во нападите на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит 2019 година. За истиот човек се зборува дека бил близок и со момчињата кои беа обвинети дека туркале автомобили со српски таблички во море.
Нови детали од потрагата по исчезнатиот Матеј претходно објави и новинарот Младен Мијатовиќ во утринската програма на ТВ Пинк. Тој откри дека Матеј и неговите пријатели со кои тргнал од Хрватска за Белград, прво застанале во Загреб да изнајмат комбе, но купиле и синтетичка дрога.
Како што наведува Мијатовиќ, друштвото конзумирало „спид“ пред вечерното излегување. Тие завршиле во клубот „Готик“ кога Матеј по полноќ, под неразјаснети околности, едноставно истрчал пред да му се изгуби секаква трага. Мијатовиќ додава дека Периш и порано имал слични испади, односно и порано се случувало да напушти ноќен клуб и да исчезне на 10 до 15 часа.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.