fbpx

Моја сила, светлост, сјај.. Калиопи скршена по смртта на татка си

Калиопи сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи.

Македонската поп-дива со трогателна посвета се прости од татка си.

„Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш….“, напиша таа на „Инстаграм“.

Калиопи беше исклучително поврзана со него. Пред две години во ек на пандемија, познатата пејачка, исто така на „Инстаграм“, сподели емотивно видео со интересна содржина.

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи.. Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења.. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн.. И сега, после толку години, улогите се сменија.. И можеби ова е многу помило и поубаво за мене.. Еден од моите најомилени моменти во изолација.. бричење на брадата на тато.. И јас се усовршив.. Како да пишувам една од моите најубави песни“, напиша тогаш таа.

Tекстoт не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО


Следни Објави

Мила моја Снеже, прости ми: Ова е убиената медицинска сестра, ѝ пресудил додека ја косела тревата (ФОТО)

Трагедија го потресе регионот Во општината Барајево во Белград животот трагично го загуби 47-годишната Снежана С. Според првичните сознанија, ѝ пресудил маж кој откако крвнички ја избодел, си го исекол гркланот. Пред семејната куќа прва стигнала мајката на Снежана. „Мила моја Снеже, прости ми“, извикувала несреќната жена скршена од болка. […]