Енис Халили е 22-годишното момче од Тетово кое се удави во водите на Јадранското Море.
Како што објави телевизијата Клан, тој заминал во малото црногорско туристичко место Утјеха за да работи. Со ангажман требало да започне денеска, а вчера по сместувањето кое го добил од работодавачот, заминал на плажа.
Соседите на момчето велат дека Халили решил да замине за да заработи за леб.
Комшијата Беким Рамадани бил информиран дека јака морска струја го повлекла Халили подлабоко во морето.
„Тоа е животот. Наместо подобрa eгзистенција за еден млад тетовец, се случи трагедија. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот“, раскажува Рамадани.
Тажната вест на родителите на Енис им ја јавил работодачот, угостителот од Утјеха, кој претходно алармирал дека загубил контакт со момчето.
Како што соопштија македонските власти кои ги добиле официјалните информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека се работи за давање, бидејќи нема траги на насилство.