fbpx

Вака почна сè: Александар проговори за алкохолизмот, не се трезнел со месеци

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако Ѓорѓе Давид одлучи да проговори за пороците на младиот македонски пејач Александар Јосифовски на кој во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ за влакно му избега победата.

Славниот рокер откри дека омилениот Сале имал сериозни проблеми со алкохолот, а сега на оваа тема конечно си ја отвори душата и самиот Јосифовски.

„Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога сум бил весел. Имам екипа со која свирам по клубови и постојано пиевме за време на тие свирки. Така и се случи да излезам од колосек“, раскажува Александар.

Во интервју за српски „Курир“ открива дека веќе шест месеци е трезен, како што вели, благодарение на инјекциите и таблетите кои му се редовна терапија.

„Постојат блокатори кои ги земате и така станувате алергични на алкохол. Дури и мала доза може да биде трагична по вашето здравје. На почетокот ми беше тешко, но се’ е подобро без алкохол, многу е поубаво со бистра глава, полесно е.. Сега ми се гади што сум пиел“, признава талентираниот музичар.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ја погреба сопругата, па сподели потресна објава: Александар со скршено срце

Познатиот српски водител Александар Саша Филиповиќ кој остана без сопругата Даца Бребановиќ, по погребот конечно се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ им се заблагодари на сите кои му изразиле сочуство и кои биле со него во овие исклучително тешки моменти. „Ја испративме мојата љубов достоинствено на нејзиното вечно […]