fbpx

Ако го гледате ова-мртов сум! Почина популарниот јутјубер, една работа ги шокира сите

Почина светски познатиот јутјубер Техноблејд, потврди неговото семејство преку трогателно проштално видео објавено во негово име.

Оваа 23-годишна американска интернет-ѕвезда стекна армија фанови објавувајќи клипови на кои ја игра популарната видеоигра Мајнкрафт, а минатата година им откри на фановите дека му е дијагностициран канцер.

Во видеото под наслов „Позрдав бубалици“ поставен на неговиот јутјуб-канал, на претплатниците им се обраќа неговиот татко кој го чита прошталното писмо кое Техноблејд го напишал само неколку часа пред да почине.

„Здраво на сите, овде Техноблејд. Ако го гледате ова-мртов сум! Ви благодарам на сите кои со години ги поддржувавте моите содржини. Да имам уште сто животи, мислам дека секогаш ќе одберам да бидам Техноблејд, бидејќи тоа беа најсреќните години во мојот живот“, наведено е во објавата.

Малку се знае за Техноблејд кој до самиот крај го криеше вистинскиот идентитет. Токму во ова последно видео открива дека се вика Алекс, иако интернет-заедницата шпекулираше дека името му е Дејв.

На „јутјуб“ имаше 10,8 милиони претплатници.

„Премногу играм видеоигри. Можеби не сум најдобар, но играм многу“, пишува во биографијата на неговиот канал.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Бел шешир и патики: Ебру и Џеди блеснаа на свадбата во Охрид

Ебру Шахин, ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, и НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман денеска го кажаа судбоносното „ДА“ во Охрид. Како што и беше најавувано, во присуство на најблиските роднини и пријатели двојката се венча на брод, а случајните минувачи на охридското пристаниште не престанаа да ги фотографираат […]