Пијан возач налетал на нив. Марко починал на лице место, а Стефан им подлегнал на повредите во болница
Во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Сомбор три часа по полноќ, загинаа 25-годишниот Марко О. и 22-годишниот Стефан Д.
Возачот на моторот, Марко, починал на лице место, а неговиот совозач Стефан им подлегнал на повредите во болница.
Од правецот на Сомбор кон Апатин, на нив налетал автомобил кој пред фаталниот судар претекнувал друго возило.
Возачот на автомобилот, 27-годишниот М.Д., бил по дејство на алкохол. Полицијата измерила 1,68 промили алкохол во крвта. Тој се здобил со лесни телесни повреди, а слично поминале и неговите двајца сопатници.
Според фотографиите кои ги објавувале на социјалните мрежи, загинатите момчиња обожавале мотори.
Како точно дошло до трагедијата, треба да покаже истрагата која е во тек.
Фото: Социјални мрежи
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.