fbpx

Неочекуван пресврт, откриено е сè: Пред ненадејно да почине, Ивана Трамп била овде!

Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп, пред три дена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом на Менхетн.

Ненадејната смрт на првата жена на поранешниот американски претседател ја шокира јавноста, а сега конечно е откриено и што правела таа последните часови пред трагедијата.

Ивана вечерала во омилениот италијански ресторан во Њујорк кој се наоѓа на само неколку метри од нејзиниот апартман на Апер Ист Сајд. Вработен во локалот открива дека таа ноќ делувала уморно и нарачала помалку храна од вообичаеното.

„Како и секогаш, ме праша како сум. Секогаш ни даваше поддршка и голем бакшиш. Навистина сум шокиран. Не знам што се случило. Беше прекрасна личност. Таа на сите овде ни беше како мајка“, раскажува Паоло Алавијан, келнер во ресторанот.

Обдукцијата покажа дека смртта на Ивана Трамп е несреќен случај. „По пад од скали, починала од последиците на повредите по тапиот удар во градниот кош“, соопштено е од судската медицина во Њујорк.

Ивана беше во брак со американскиот милијардер Доналд Трамп од 1977 до 1992 година. Двојката има три деца, Доналд јуниор, Иванка и Ерик.

За пеколниот развод на Ивана и Доналд Трамп и за моментите кога го обвини за силување прочитајте ОВДЕ!

Фото: Јутјуб Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Откриен нов симптом на корона: Проверете веднаш!

Повторно растат бројките со заразени од Ковид-19, па сосема оправдано се зголемува и паниката кај луѓето. Комисијата за заразни болести објави нови препораки за заштита од вирусот, а лекарите се’ почесто алармираат и за некои нови не толку вообичаени индикатори. Британски научник и професор по генетска епидемиологија предупреди на еден […]