fbpx

Естрадата во шок! Познатиот пејач свирепо убиен (ФОТО)

Познатиот рапер Пет Стеј им подлегна на повредите откако беше нападнат со нож во Нова Шкотска, Канада, пренесува „Дејли меил“.

Од полицијата соопштија дека по нападот славниот музичар бил итно пренесен во болница, но дека лекарите биле немоќни.

Засега не се познати мотивите за убиството. Само еден ден пред трагедијата, 36-годишниот Стеј на „Инстаграм“ го објави спотот за новата песна Warm Up.

Минатата недела го прослави петтиот роденден на својот син Калвин за кого напиша дека е негов суперхерој од реалниот живот.

„Те обожувам, ти се воодушевувам, ти си дете, а сепак учам од тебе. Постојано ми е неверно колку навистина сум среќен и колку си ти посебен. Често плачев од среќа размислувајќи за ова и за нашата посебна врска“, напиша тој.

Минатиот четврток, пак, пејачот на социјалните мрежи објави порака која сега доби поинакво значење.

„Замислете кон сите свои пријатели и сакани личности да се однесуваме како да знаеме дека деновите ни се броени“, напиша тој.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува: Почивај во мир!

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, вечерва соопшти тажна вест на социјалните мрежи. Почина Петре Латиновски, првиот градоначалник на општината кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. „За жал вечерва не’ напушти. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални […]