fbpx

Овојпат дефинитивно си замина: Одлуката не беше лесна

Една од најозборуваните македонски двојки повторно ќе негува љубов на далечина

Македонската врвна алпинистка Илина Арсова им се обрати на фановите и откри дека донела важна животна одлука која воопшто не била лесна.

Партнерката на нашиот легендарен актер и шоумен Игор Џамбазов преку видеопорака се јави од другата страна на светот-од Ноксвил, Тенеси.

„Досега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест долго беше на листата, па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, порача таа од САД.

Љубовта меѓу Џамбазов и Арсова постојано е под будното око на јавноста откако пред две години и двајцата ја потврдија врската. Преку ноќ добија армија фанови на „Инстаграм“, платформа на која секојдневно објавуваат заеднички моменти.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Насмеј ги ангелите, Јулче: Тажен ден во Македонија, познатите се простуваат

По кратко боледување на 61-годишна возраст почина актерката Јулијана Стефанова. „На сцената беше дива, а зад неа голем другар“, напишаа нејзините колеги од Битолскиот театар каде што го помина целиот свој работен век. Блиски пријатели и соработници со трогателни посвети се простуваат од неа на социјалните мрежи. „Јуле, љубов моја […]