fbpx

Ја фати сопругата со попот: Ги начека в кревет, но кога ја сослуша веднаш ѝ прости

Луѓето се подготвени на секакви оправдувања за да се извлечат од непријатни ситуации, особено кога, на пример, треба да се објаснуваат пред партнерот којшто го изневериле.

Сепак, ваков бизарен изговор се’ уште не сте слушнале, а целата ситуација е неверојатно необична!

Бразилските медиуми неодамна пишуваа за неименувана жена од Кампо Гранде чиј маж ја фатил на дело со друг маж. Она по што оваа приказна е посебна е што сите тројца инволвирани (мажот, жената и љубовникот) се свештеници на евангелистичката црква.

Сопругот си ја затекна саканата со швалерот во еден мотел, а потоа, сакајќи да се оправда, таа му рекла дека на таков грев ја наговорил ѓаволот!?

„Ми го уништи семејството, ти си ѓаволот во нашата куќа“, се дере мажот на снимката.

Сепак, откако малку се потсмирил, изневерениот свештеник како вистински христијанин размислил за се’, пишуваат тамошните медиуми.

Тој на сопругата со која е 21 година во брак ѝ го простил неверството. Одлуката ја прокоментирал вака: „Тој што е без грев, прв нека го фрли каменот. Сите грешиме и мислам дека не сме единствените виновни за тоа, сите ние сме навистина жртви на Сатаната“.

Следни Објави

Холивуд во шок! Се самоуби познатиот актер откако сопругата го остави

Имаше само 49 години Во Тексас се самоуби актерот Џејсон Дејвид Френк, кај публиката ширум светот најпознат по улогата во серијата „Моќните ренџери“. Како што пренесуваат странските медиуми, неговата сопруга пред неколку месеци поднела барање за развод по 19 години брак, а како причина го навела неверството на својот славен […]