fbpx

Еден ја држи на нишан, друг го крши стаклото: Страшен грабеж на менувачница (ВИДЕО)

Филмски грабеж од нецели две минути

Полицијата се’ уште трага по двајцата напаѓачи кои ограбија менувачница на булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“ во Нови Београд.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа целата акција од моментот кога двајцата разбојници со качулки и маски влетуваат во објектот.

Едниот веднаш ѝ вперува пиштол на вработената, а другиот во истиот миг почнува да го крши заштитното стакло.

Уплашената жена бега во помошната просторија, додека еден од крадците се провлекува низ искршеното стакло и ги зема парите.

Вработената успева претходно да го притисне тастерот за паника и да повика полиција.

Самиот грабеш траел нецели две минути. Извори од истрагата велат дека целата акција била како сцена од филм. Од менувачницата биле одземени 8.000 евра и извесна количина динари.

Фото: Принтскрин/Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Лекарите ја погледнаа главата на штотуку родено бебе и се шокираа: Го викаат „Малиот принц“ (ФОТО)

Овој случај предизвика неверојатен интерес во светски рамки и лекари од различни континенти го дадоа своето мислење Бебе ги изненади лекарите во Унгарија поради седата коса со кое е родено. На почетокот лекарите мислеле дека е албино, но се покажало дека неговата коса едноставно нема пигмент. Иако неговата седа коса […]