fbpx

Естрадата тагува, колегите неутешни! Почина познатата пејачка, една работа ги трогна сите

Тажна вест

Почина славната Кристин Мекви, пејачката на бендот „Флитвуд Мек“.

Британската музичарка ги напиша некои од најзначајните песни на групата која важеше за една од најуспешните во 70-тите и во 80-тите години на минатиот век.

Веста за смртта ја потврди и нејзиното семејство, а во краткото соопштение за јавноста открија дека 79-годишната Кристин починала мирно во сон во болницата каде се лекувала. Тие замолија медиумите и фановите да ја почитуваат нивната приватност во овие тешки моменти.

Најемотивно простување имаа членовите на бендот на кој му се придружи во 1971 година, па го напушти по 28 години, за повторно да му се врати во 2014 година.

„Беше најдобрата музичарка која ја имавме во нашиот состав и најдобрата пријателка која можевме да ја имаме во нашите животи. Бевме толку среќни со неа. Исклучително ја почитувавме и благодарни сме ѝ на сите неверојатни спомени. Многу ќе ни недостига“, порачаа тие.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дваесет години услуга под достоинство: Соња има важна порака до приватните „автобусџии“

Статус со кој скопјани апсолутно се согласуваат Автобусџии!!! Кој ви дава право да помислите да блокирате цел град? Од каде „мангупи“, силата за такво нешто? А одговорност ќе понесете ли за штетите? Дваесет години не` возите во валкани автобуси со услуга под достоинството. Зиме студени, лете врели, внатре ечи турбо-фолк. […]