fbpx

Марија ја погреба ќерка си поради обетка: Девојчето повеќе не можело да зборува, веќе било доцна

Девојка на возраст од само 20 години починала откако си ставила евтин пирсинг.

Докторите се обиделе да ја спасат, но залудно, инфекцијата веќе ѝ го зафатила мозокот.

Андреса Суза отишла во еден неименуван салон за пирсинг на југот на Бразил и пред два месеца си ставила обетка на долната усна. Но, набргу почнале проблемите, раскажува нејзината мајка Марија.

„Дупчењето ја чинеше околу десет долари, но за неколку дена добила инфекција. Усната ѝ се подула и станала црвена, добила температура и силни главоболки“, открива нејзината мајка.

Семејството живее во регионот на Бразил каде има Денга грозница, па на почетокот помислиле дека Андреса се заразила и ја однеле на лекар. Кога ја прегледале, веднаш ја сместиле на интензивна нега.

Пирсингот веќе не можел да се извади, а несреќната девојка веќе не можела да зборува, ниту пак да ја мрда устата.

Лекарите утврдиле дека девојката добила инфекција која низ крвотокот се проширила на мозокот и зафатила 37 отсто од најважниот орган во целото тело. Оперирана е, но предоцна. Починала на деветти јули.

„И да преживееше, веројатно би била во вегетативна состојба поради сериозни оштетувања на мозокот“, им призна мајката на бразилските медиуми.

Следни Објави

РЕЦЕПТ за највкусната новогодишна салата: „Снежна кралица“ за секоја пригода!

Состојки: 250гр ракчиња, 2 парчиња кашкавал, 6 варени јајца, 200 гр шунка, 1 помала главица кромид, 1 јаболко, 100гр кикирики, 350мл мајонез, 2 лажички оцет, 1 лажичка шеќер, пола лажичка сол, 100гр ореви.  Подготовка: Кашкавалот ставете го во замрзнувач. Исецкајте го кромидот, додајте сол, шеќер и оцет. Прелијте со превриена […]