fbpx

Славниот актер во критична состојба: Доживеал бизарна несреќа додека чистел снег

Славниот холивудски актер е во критична, но стабилна состојба

Џереми Ренер тешко се повредил во бизарна несреќа, додека викендов чистел снег, информираат американските медиуми.

„Тој е во критична, но стабилна состојба поради повредите со кои се здоби. Во болница е префрлен со хеликоптер. Семејството е со него и обезбедена му е потребната нега“, пишува „Дедлајн“.

Омилениот акционен херој од големото платно има 51 година. Позади себе има импресивна кариера и дури двапати беше номиниран за „Оскар“.

Џереми е голем љубител на специфична роботика и на машини. На својот имот има и неколку дувачи на снег, а на социјалните мрежи често објавува интересни фотографии со нив.

Засега не е познато како дошло до несреќата и не се вклучени други личности во инцидентот.

Портпаролот на познатиот актер вели дека Ренер е згрижен и се надева дека брзо ќе закрепне.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Допрел нешто ненормално кај девојка му додека биле в кревет: Се запрепастил од нејзиниот одговор

Ени Шарлот е 23-годишна Британка на која ѝ е дијагностицирана ретка состојба. Оваа девојка има две вагини и две менструации месечно, а дури би можела истовремено да забремени со две бебиња од двајца различни татковци, потврдиле лекарите. Жената со две комплетно функционални вагини и со две матки се научила да […]