fbpx

Чувај ми место до клавирот! Џамбазов со емотивна посвета ги расплака фановите

На денешен ден пред една година почина Александар Џамбазов, легендарен македонски композитор и диригент.

Неговиот исто толку славен син, актерот и шоумен Игор Џамбазов, се обрати на социјалните мрежи со емотивна посвета.

„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал. Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас. Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш. Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки. Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот“, напиша Игор.

Маестро Џамбазов беше иницијатор и долгогодишен диригент на „Златно славејче“ и основоположник на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, а пишуваше и филмска, театарска, хорска, класична и поп музика.

За својата работа доби над 40 награди и признанија меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Следни Објави

Беше ѕвезда во СФРЈ, почина на улица: Прераната смрт ги потресе сите, доживеа иста судбина како мајка си

Риалда Кадриќ, ѕвездата на култниот филм „Луди години“, најгледаниот српски филм на сите времиња, не’ напушти на денешен ден пред две години. Почина ненадејно во Атина. Сплет на околности, беше тоа реприза на една тажна судбина која пред три децении ја доживеа нејзината мајка-срцев удар среде улица. Кадриќ освои многу […]