fbpx

Фановите во паника, Џенан Лончаревиќ се преврте со автомобилот: Нови детали за несреќата

Џенан Лончаревиќ вчера доживеал сообраќајна несреќа на автопат во Црна Гора откако се превртел со автомобилот, информираат регионалните медиуми.

„Возилото со кое управувал се превртело околу 14 часот на автопатот кај „Мрки Крш“, соопшти полицијата.

Лончаревиќ денеска потврди дека доживеал несреќа, дека сам бил во автомобилот и дека не е повреден.

„Се’ е во ред. Благодарам многу. Жив сум, здрав сум, повеќе не би коментирал. Порталите пренесоа вест која не е целосно точна“, вели Џенан за „24седам“.

Лончаревиќ е миленик на македонската публика. Минатата година го препеа хитот „Ако утре ме нема“ на ДНК и Џамбо Агушев оркестарот.

„Скопје е секогаш моја многу драга локација. Секоја публика е одлична, но кај вас во Скопје има нешто поинакво“, изјави тој во едно интервју.

Тој успеа да изгради кариера без скандали, исклучиво само со својот талент. Сепак, во една прилика си ја отвори душата раскажувајќи за семејната трагедија која му се случила во 2008 година кога го изгубил родениот брат.

-Ќе ви кажам еден детаљ кој некои луѓе во тоа време го протолкуваа погрешно. Една новогодишна ноќ морав да настапам и не смеев да го откажам настапот, иако само 20 дена претходно ми почина мојот брат.. Морав да бидам среќен, насмеан и да излезам на сцена за да не ја разочарам публиката“, откри тој.

Следни Објави

Најслаткиот десерт не се пече: Оваа торта од јагоди и јогурт е совршена!

Украсете ја по желба со бела или црна чоколада, чоколадни трошки, шлаг или свежо овошје Во продолжение ви го пренесуваме овој иновативен рецептот од тефтерот на една современа домаќинка. Уживајте! Потребни состојки за кора: 250г мелени бисквити 50г путер 150г чоколадо за готвење Потребни состојки за фил: 600г свежи јагоди […]