fbpx

Шокантни сознанија за еден од убиените во Скопје: За ова досега се молчеше

Еден од ликвидираните во Старата скопска чаршија во инцидентот на 6 март кој сериозно ја вознемири македонската јавност бил осомничен за убиство.

Тој бил еден од повеќето осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, пишува NH Nieuws.

Енес Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин. Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили, пишува истиот медиум, пренесува „Скопско Ехо“.

Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија.

Енес Исени е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето. Не е познато како без пасош Исени влегол во Македонија.

Исеини и Јетон Кривањева беа убиени на почетокот на месецов во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија.

Следни Објави

Не ти треба победа, ти веќе си ѕвезда! Која е струмичанката која синоќа отпадна од „Ѕвездите на Гранд“?

Не стивнуваат реакциите по синоќешната елиминација на струмичанката Ангела Котуровиќ за која македонската јавност имаше големи очекувања во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Иако претходно ги воодушевуваше членовите на стручното жири и постојано добиваше пофални зборови од нив, синоќа таа отпадна без никаков нивни коментар. Нејзините обожаватели преку социјалните […]