Борко Андреевски кој подолг период живее и работи во Англија беше еден од 500-те млади и здрави волонтери кои пред три месеци се пријавија за пробното тестирање на новата вакцина против коронавирусот, а сега конечно го сподели и своето искуство.
– Нема никакви промени во секојдневието или по здравјето. Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и јас никој не можам да заразам. Тоа е добро чувство. Имаше три земања крв и тестирања, уште едно ќе следи во ноември. На шест месеци, но тоа е за нас бидејќи нѐ тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцина – објасни Андреевски во изјава за „Сител“.
Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. Таа ќе биде од фармацевстката куќа „Астра Зенец“ на која работи Институтот Џенер на Универзитетот во Оксфорд.