Војвотката од Кембриџ откри како нејзиниот сопруг и престолонаследник на британскиот трон се обидел да ја импресионира
Додека студирале заедно на Универзитетот Сент Ендруз во Шкотска, принцот Вилијам смислил генијален план – да ја заведе убавата Кејт Мидлтон со проверен рецепт и тоа буквално!
Како што откри Војвотката од Кембриџ, неговиот специјалитет бил болоњезе сос.
– За време на студентските денови подготвуваше различни јадења – изјави Кејт во едно интервју кое ѝ го направи легендарната британска готвачка Мери Бери.
Во друга прилика двојката откри дека денеска во домот најчесто Мидлтон е задолжена за јадењето.
– Можам да сварам чај, но дефинитивно Кејт е таа која готви – искрен е принцот Вилијам.