И по два месеца од неговата смрт, принцот Вилијам и Кеј Мидлтон се скршени од болка по загубата на нивното омилено милениче, кучето Лупо, пренесуваат британските медиуми.
За него се грижеле девет години, а го вдомиле една година пред раѓањето на нивниот син, принцот Џорџ.
– Нашето куче Лупо од расата кокер шпаниел беше срце во нашето семејство. Многу ќе ни недостига – изјавија тие.
Лупо беше дел од многу официјални семејни фотографии на кралското семејство.