Младата актерка Ива Илинчиќ првпат се огласи на социјалните мрежи откако по признанието на Милена Радуловиќ и таа собра храброст и го обвини професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување.
„Целта на оваа приказна беше на ова зло да му се застане на патот и единствено тоа е важно. Им благодарам на сите за поддршката“, напиша таа на „Инстаграм“.
Исто така, Илинчиќ ги замоли медиумите за разбирање во овој период, алудирајќи да не се прави циркус од целата приказна која е исклучително сериозна.
Алексиќ ги негираше сите обвиненија, по што повторно се огласи младата актерка Милена Радуловиќ која прва собра храброст јавно да раскаже дека професорот ја силувал кога имала само 17 години.
Подоцна проговори уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.
Молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.
Фото: Стефан Стојановиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.