Уште една жена на 46-годишна возраст пријави во полиција дека била жртва на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ.
Српските медиуми пишуваат дека таа била злоставувана пред 2008 година, па нема да покрене обвинение бидејќи делото е застарено. Сепак, ќе ги поддржи актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, како и останатите девојки и ќе сведочи против Алексиќ.
Во меѓувреме обвинетиот професор кој се наоѓа во притвор конечно му се довери на својот правен застапник. Неговиот адвокат Зоран Јаковљевиќ им откри на медиумите детали од разговорот со својот клиент.
Се појавија и нови грозни сведоштва на негови поранешни ученички. Професорот по глума наводно ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија.
Пред неколку дена, молкот го прекина и сопругата на Алексиќ, актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Билијана Машиќ, на која животот преку ноќ ѝ се претвори во пекол.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.