За судбината на Александар Глигоријевиќ (42) кој се фалеше во јавноста дека е близок со Веља Невоља и останатите членови на криминалната банда, не се знае ништо.
Полицијата се крсти во неа: Која е сопругата на Веља Невоља?
Вељко Беливук кој со неговите соработници е осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ, наводно е одговорен и за ова нерасчистено убиство, пишува „Србија данас“.
На фејсбук-профилот на исчезнатиот Глигоријевиќ се објавени и видеа со популарната старлета Тијана Максимовиќ, нарекувана Тијана Ајфон, која неодамна беше повикана на информативен разговор и е осомничена дека соработувала со кланот.
Наводно таа е девојката во чиј телефон се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите.
Тијана наводно биле на платен список кај Беливук и одработувала за него по потреба. Осомничена е за пренесување дрога, но и за перење пари.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.