fbpx

Трагедијата го скрши: Потресна исповед за најголемата траума (ФОТО)

И по 13 години од нејзината смрт, поранешниот светски првак во тешка категорија, Мајк Тајсон, признава дека не може да се опорави од семејната трагедија која му го промени животот засекогаш.

Тој кобен ден 2009 година кога почина неговата четиригодишна ќерка, легендарниот боксер беше на пат во Лас Вегас.

Егзодус ја загуби најважната битка во болницата во Феникс, еден ден откако потешко се повреди на подвижната лентата за трчање во семејната куќа.

Онесвестеното девојче прво било забележано од нејзиниот седумгодишен брат. Тој веднаш ја известил мајката, која повикала 911.

– Девојчето се задавило со кабелот за струја кој висел од конзолата на исклучената направа за трчање. Можеби малата Егзодус си играла на подвижната лената и се задавила со кабелот. Во болницата беше донесена во критична ситуација и веднаш беше приклучена на апарати за реанимација – изјави тогаш портпаролот на полицијата во Феникс, Енди Хил.

Тајсон подоцна призна дека не знаел да се носи со смртта на ќерка си и дека и денес, после толку време, се’ уште плаче кога ќе се спомне нејзиното име. Во истото искрено интервју раскажа дека првиот инстинкт бил да земе пиштол и да си пресуди, ама успеал да се смири.

„Кога го видов телото на својата ќерка, се шокирав. Тоа чувство не му го посакувам ниту на најлошиот непријател“, изјави Тајсон.

По смртта на Егзодус, Мајк доби уште две деца, ќерка и син. Освен нив, од претходни врски и бракови има уште три деца.

Фото: АФП/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шокантен детаљ: Која е Маја, девојката со која Матеј се слушнал пред да исчезне?

Пред да го напушти ноќниот клуб во белградски Бетон, исчезнатиот 27-годишен Матеј Периш телефонски разговарал со девојка од Сплит која кобната вечер исто така престојувала во Белград. Српските медиуми пишуваат дека станува збор за Маја С., сопственичка на две фирми за транспорт. Матеј и Маја наводно се познавале уште од […]