fbpx

Шок во Холивуд: Популарната актерка пронајдена мртва

Американската актерка Линдзи Перлман, најпозната по улогите во телевизиските серии „Чикаго џастис“ и „Емпајер“, е пронајдена мртва во Лос Анџелес, неколку дена откако беше пријавено нејзиното исчезнување.

Пријателите и семејството на 43-годишната Линдзи побараа од јавноста било каква информација за неа откако на 13 февруари не се вратила дома. Последен пат е видена во Холивуд, неколку милји од местото каде е пронајдено телото, соопшти полицијата.

Тажната вест на „Твитер“ ја потврди и нејзината братучетка Савана Перлман.

„Со тага ви соопштувам дека Линдзи е пронајдена, но за жал предоцна. Немам други информации“, напиша таа.

Се огласи и сопругот на Линдзи.

„Полицијата ја пронајде. Почина. Скршен сум“, кратко напиша Венс Смит на „Инстаграм“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Солзи за малата Симона: Почина миленичката на цела Македонија

Малото штипјанче кое штипјани го сакаа како свое дете почина. БОГ ДА МУ ГО ОСВЕТЛИ ПАТОТ ВО ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО! Почина и миленичката на Штип, Симона Хаџи Тошев. Денеска сите штипјани се во плач, тажни. Штипјани, сите до еден, организираа хуманитарни акции, меѓу нив и ФК Брегалница, само да и се […]