fbpx

Ова ми е најголемата казна: Александра Шијакоска повторно оперирана (ФОТО)

Спремна сум за уште една вечер да бројам овци за да си одам дома. Не знам дали сум кажала, воопшто не сакам болници, ни да лежам (лежам само ако се разболам), па ова ми е најголемата казна досега..

Исцрпена по новиот оперативен зафат, но со доза на хумор на социјалните мрежи повторно се огласи Александра Шијакоска (29).

Една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки на која ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот ја дочека и четвртата операција.

„Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа мачките? Може сум мачка, а не сум знаела досега. Нема поента веќе да тагувам, да се жалам и да ве полнам со негативна енергија. Овој живот ми е доделен мене! Каков, таков. Има да си го живеам и песна да пеам. Овојпат оддолу ми ја истрижаа косата. Ќе можам да камуфлирам дека имам коса. Тука има една сестра Анастасија, се договоривме следно да се видиме на некоја плажа, не во болница. “, напиша таа на „Инстаграм“.

Шијакоска неодамна отворено проговори дека води една од најтешките битки во животот.

„Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував“, сподели таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Весна, те сакам бескрајно: Се ожени Драган Спасов-Дац

По повеќе од една деценија заеднички живот, македонскиот актер Драган Спасов-Дац синоќа се ожени со неговата партнерка Весна Терзиевска. Токму таа му организираше спектакуларно изненадување за неговиот јубилеен 50-ти роденден, откако на свирка му се појави со бурми и матичар. „Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите […]