fbpx

Почивај покрај твојот ангел: Познатите се збогуваат со Оле, тажен ден во Македонија

Ќе те памтиме како прекрасна личност и голем човек. Беше мајка-борец, секогаш со ведар дух. Вака на социјалните мрежи се простуваат со Оливера Крстева Доневска.

Тажната вест ја потврдија и од непрофитната организација Манускрипт-Здружение на писатели. „Патувај мирно. Немаш повеќе битки за војување. Извојува колку за педесет животи. Без тебе овој свет ќе биде многу посиромашен и попразен. Збогум наша, мила Оле, можеби повторно ќе се најдеме некогаш во некој поубав свет. Веќе многу недостасуваш!“, стои во нивната објава.

И познатите Македонци со емотивни посвети се простуваат од Оливера.

„Денес отпатува во вечноста нашата Оле. Почивај покрај твојот ангел. Царство Небесно“, напиша на „Фејсбук“ пејачката и хуманистка Ребека Јанковска Ристески.

Познатиот писател Драган Танески, пак, ѝ посвети песна.

„Гледаш.. не снемува еден по еден. Малку останавме што во сенките гледаме стари другари, во ветровите-патокази, во пространствата-дом“ се дел од стиховите.

Тони ја загуби најважната битка: Македонија тагува, нека почива во мир!

Со трогателни зборови од Оле се прости и Слаѓана Ставрева.

„Твоите крилја многупати беа искршени, а ти имаше неверојатна сила и моќ да ги зацелиш и повторно да запловиш по небото наречено живот. Овој пат мила ти леташ многу подалеку од сите нас кои те сакаме. Леташ кон ангелите, зошто таму и припаѓаш, жено-ангел, што долета на земјава за да ни покажеш како треба да се љуби, бескрајно“, е само мал дел од посветата.

Ј.П.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Згасна најубавиот глас: Македонската естрада тагува, ненадејно почина познатиот пејач

Црн ден за домашната естрада, колегите се простуваат Ненадејно почина пејачот Благој Талевски. Популарниот Басар, како што го познаваше публиката, беше вокалист на битолската група „Лира“, најпозната по хитот од деведесеттите години „Никогаш повеќе“. Колегите и пријателите на Талевски со неверување ја примија тажната вест. Со трогателни пораки се простуваат […]