fbpx

Моето девојче со предобра чиста душа: Почина ќерката на Јулија

По две години борба со ракот, денеска почина Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска.

Тажната вест ја потврди и порталот „Репортер“, а на социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана.

Јулија пред две години првпат проговори за болеста на ќерка си на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Пред неколку дена со потресен статус потврди дека здравјето на Андријана повторно е влошено и побара да се молиме за нејзиното чедо.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина.. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се’. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј“, напиша таа пред три дена на „Фејсбук“.

Истиот ден за „Женски магазин“ Јулија откри детали за здравјето на ќерка си.

„Ја донесовме на Клиниката за онкологија пред три дена, во тешка состојба. Постојано сум покрај неа. Покрај моето девојче со предобра, чиста и искрена душа и со огромно срце. Ситуацијата ѝ се влоши после Нова Година. Немам сила ниту да зборувам, исцрпена сум од тага, од болка. Но, ќе издржам за неа и ќе се молам. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за него е возможно се. Посакувам секој на свој начин да испрати љубов, молитва и моето девојче да се дигне повторно“, раскажа Јулија.

Сега цртај и бои бескрајно.. Нема утеха по смртта на Андријана

Минатата година и самата Андријана даде интервју и откри со какви предизвици се соочувала во текот на лекувањето.

„Личноста кога добива болест треба да сврти кон себе, да види што сака, што ѝ годи и што ѝ пречи. Да се одбере себеси, да се прифати, да се засака. Ракот не го нарекувам „зло“ и воопшто не го нарекувам со погрдни зборови“, изјави таа.

Андријана беше академски сликар. Позади себе ја остави ќерката Стефанија.

Ј.П.

Фото: Фејсбук

Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сега цртај и бои бескрајно.. Нема утеха по смртта на Андријана

По двегодишна битка со рак на дојка, почина академската сликарка Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска. Нејзините роднини и пријатели со трогателни пораки се простуваат од неа на социјалните мрежи. „Се бореш до последен здив, а јас верував дека ќе успее.. Денес не’ напушти […]