Македонскиот пејач Бобан Цаневски (45) имаше одлично претставување во финалето на популарното шоу „Никогаш не е доцна“ и доби најмногу СМС-гласови.
Цаневски кој стана регионална ѕвезда, вечерва настапи со песната „Чија си“ со која Тоше Проески победи на „Беовизија“.
„Еве ме во големото финале за кое не се надевав. Имав навистина остра конкуренција. Сега сум малку помирен, но, сепак, во мене врие онаа позитивна трема. Ова шоу е како некој фестивал. Шоу кое направи многу за мене, за мојата пејачка кариера. Ефектот се гледа. Имам доста работа, постојано ме бараат за свирки, приватни забави, фестивали, не само кај нас туку насекаде надвор од границите на Македонија“, изјави пред два дена тој за „Вечер прес“.
Во едно постаро интервју, Бобан откри дека сопругата Анета му е најголема поддршка, дека синот Андреј го пријавил во шоуто, но и дека особено е приврзан за ќерката Ивана.
*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.