fbpx

Полицијата ја затекна гола со двете деца на улица: Шокантен пресврт пред да дознаат што направила

Несекојдневен случај ги вознемири сите

Мајка е уапсена откако излегла на прошетка со своите две малолетни деца. Сите тројца биле целосно голи.

Американката Аманда Пурифој (33) и нејзините деца на возраст од осум и две години се видени среде улица во градот Елкхарт во Индијана. Локалната телевизија информира дека полицијата веднаш се упатила на лице место откако примиле неколку повици за бизарниот инцидент.

Жената наводно е однесена во болница на разговор со психијатар, пренесува Фокс 11. Подоцна е префрлена во затвор откако наводно физички се пресметала со полицаецот и со дежурната медицинска сестра.

Властите во Индијана изјавија дека овој случај дефинитивно загрижува и дека за истиот е информирана Службата за заштита на деца. Малечките се згрижени и не се повредени.

Пурифој е обвинета за десет кривични дела и прекршоци, меѓу кои напад на службено лице со измет (детали не се објавени), занемарување на издржувано лице, отпор кон полицијата и егзибициобнизам и голотија на јавно место.

Полицијата исто така соопшти дека истиот ден пред да биде приведена, Аманда ги претепала мајка си и очувот.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува: Неговото срце застана засекогаш, нека почива во спокој

Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село. Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура. Одевме од село во село и ме […]