fbpx

За мама марама, за тато вино.. Тоше на роденденот сакаше да подарува, тортата со урми му беше омилена

Под мотото „Тоше има само датум на раѓање“, фановите на непрежалениот македонски пејач секоја година го одбележуваат неговиот роденден.

Тоше Проески денеска ќе наполнеше 42, а со емотивна објава се огласи неговата сестра Дора.

Таа ја запази традицијата, па и оваа година објави фотографија со роденденската торта што ја направила.

„Омилена му беше тортата со урми или со вишни. На својот роденден ни даваше подароци на сите. Мене ми купуваше парфем, бидејќи знаеше дека тој подарок многу ќе ме израдува. На мајка ми марама или блуза, а на татко ми шише ексклузивно вино. На децата им подаруваше играчки и гардероба. Ние му велевме „тебе ти е роденден и ние треба да ти дадеме подарок“. А тој возвраќаше: „секогаш на мојот роденден и вие ќе добивате подароци од мене“. Таков беше мојот брат. Човек со големо срце“, откри Дора во едно нејзино постаро интервју.

Следни Објави

Чувај ми место до клавирот! Џамбазов со емотивна посвета ги расплака фановите

На денешен ден пред една година почина Александар Џамбазов, легендарен македонски композитор и диригент. Неговиот исто толку славен син, актерот и шоумен Игор Џамбазов, се обрати на социјалните мрежи со емотивна посвета. „Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си […]