fbpx

Кому му е смешно силувањето? Жестоки реакции по интервјуто на Латас кај јутјуберот Лазаров

Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече-ИСКИНАВМЕ!

Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.

Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.

Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон.

Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно.

Фејсбук-статус на Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата Маргини

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Твојата насмевка, за нас подарок.. Македонија тагува по младиот Дарко

Трагедија ги потресе сите Пред два месеца навивачите од „Комити Скопје“ ја информираа јавноста дека животот го загубил нивниот член Дарко Смоковски-Смок. „Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува […]