fbpx

Естрадата во шок! Коста падна на сцената и почина (ВИДЕО)

Познатиот рапер Коста Тич (28) почина откако колабира на сцената среде концерт на „Ултра мјузик фестивал“ во Јоханесбург.

На видеото, кое „Дејли меил“ не сакаше да го објави во целост, е документирано како јужноафриканскиот музичар губи свест. Младиот музичар веднаш бил префрлен во болница, а немилиот настан ја вознемирил пошироката јавност.

На снимката се гледа како Тич, чие вистинско име е Константинос Тцобаноглу, се сопнува на сцената и се оддалечува од толпата пред да ја заврши песната. Наеднаш паѓа. Публиката продолжува да аплаудира, додека обезбедувањето и другите членови на тимот сфатат што всушност се случува.

„Смртта трагично тропна на нашата врата, земајќи го од нас нашиот сакан син, брат и внук. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што ни се случи и бараме да ни дадете време и простор да се опоравиме од загубата“, изјави семејството на раперот.

Следни Објави

Цел свет зборува за неа: Синоќа испиша историја на Оскарите, една работа остава без здив

Таа е поранешна убавица со титула, нема деца, а нејзиниот партнер го знаете сите Мишел Јео стана прва жена од Азија која триумфира во категоријата „најдобра женска главна улога“ и на тој начин испиша историја на 95-то доделување на Оскарите. „За сите момчиња и девојчиња кои го гледаат ова вечерва, […]