fbpx

Вознемирена новинарка го гушна синот среде програма во живо: Само што се случи нешто страшно (ВИДЕО)

Емотивната средба се случи среде програма во живо на 22 март, откако ученик застрела двајца професори

Репортерката на телевизијата Фокс од Денвер, Алисија Акуња, го прекина известувањето за пукањето во средно училиште во кое учи и нејзиниот син, во истиот момент кога се појави пред неа и сфати дека е добро.

Емотивната средба се случи среде програма во живо на 22 март, откако ученик застрела двајца професори. По долгата прегратка, Алисија видно вознемирена им се извини на колегите во студиото.

„Жал ми е, не сум го видела моето дете откако почна сето ова“, им се обрати таа.

И покрај барањето на нејзината колешка да се исклучи ако сака да биде со синот, таа продолжи да известува.

Новинарката подоцна раскажа како нејзиниот син ѝ испратил информации за ситуацијата во училиштето, заедно со ќерката на нејзината сестра која исто така била присутна во школото кога се случил инцидентот. Како што вели, работела на друга приказна кога синот ѝ пратил СМС за пукањето и ја известил за пристигнувањето на голем број полицајци кои ги чувале вратите од училницата.

Пукањето се случило за време на рутински утринска претрес, како дел од безбедносниот протокол на училиштето, поради сомнително однесување на напаѓачот, кој е идентификуван како Остин Лајл (17). Тој побегнал од местото на настанот, а подоцна бил пронајден мртов откако се самоубил.

Едната жртва е пуштена од болница, додека другата е во критична состојба.

Следни Објави

Беше милионерка, го љубеше Маринко Роквиќ, направи империја и почина: Нејзината последна желба остана мистерија

На сите им остана во сеќавање како една од најубавите и најнегуваните жени на овие простори Живееше на релација Србија-Холандија и важеше за една од најбогатите жени на овие простори. И после толку години од нејзината смрт никој не знае дали воопшто беше мажена, ниту, пак, кој ја наследи нејзината […]