fbpx

Дама во црвено: Лила вечерва го славеше животот, рамо до рамо со нејзината „сестра“

Во познат скопски хотел вечерва македонската публика имаше можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

На настанот беше промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите имаа можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа.

Специјален гостин, панелист на трибината, беше Лила Филиповска која ја сподели својата приказна за борбата со ракот на дојката.

По завршувањето на ивентот, Лила на социјалните мрежи сподели емотивна објава во која Ана ја нарече своја сестра.

„Понекогаш ќе паднам. Тоа е животот. Станувам и уште посилно се залетувам. Тоа е карактер! Мојата сестра по дијагноза и фризура Aна Дорник напиша книга и треба да ја има секој кој на било кој начин има некаква врска со ракот на дојка! Инспирира и помага. Благодарам на поканата и можноста да ја споделам својата приказна! И да не заборавите, ние сме доказ дека ракот не е непобедлив“, напиша Лила.

Следни Објави

Пред гробот видоа крв, одвнатре слушнаа плач: Полицијата веднаш го отвори, луѓе ова е страшно (ВИДЕО)

Бразилската полиција спаси 36-годишна жена која била жива соѕидана во гробница на гробиштата во Висконд до Рио Бранко. Гробари забележале дека гробот е свежо запечатен со цигли и цемент, а вниманието им го привлекле дамките од крв на земјата, поради што веднаш повикале полиција. Кога полицајците пристигнале на гробиштата, го […]