Вистина е, почина татко ми од тоа зло, низ солзи потврди Мартин Вучиќ за порталот „mms.mk“.
Во кусиот разговор тој открива дека пред десетина дена семејството дознало дека Драган е позитивен на Ковид-19, но дека не било страшно.
– Вчера ѝ се јавиле на мајка ми дека сѐ е во ред, а утрово и се јавиле дека ноќеска починал. Не знам. Во шок сме. Не можеме и да го испратиме како треба – вели Мартин за „mms.mk“.
Сите од македонската естрада утрово со неверување ја примија веста за смртта на познатиот музичар и шоумен Драган Вучиќ. На социјалните мрежи веќе масовно се споделуваат статуси во негова чест.
Можеби ќе ве интересира:
Воздржете се: Турунџиева удри по лицемерните колеги
И покрај напорите на лекарите, му подлегна на вирусот: Филипче за Вучиќ