fbpx

Естрадни афери и ѕверски убиства: Шокантни детали за Беливук

Српското обвинителство бара доживотен затвор за Вељко Беливук и неговата криминална банда осомничени за тешки злосторства.

Веља Невоља и дваесет негови блиски соработници беа уапсени во февруари годинава, а се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Во тајните простории на стадионот Партизан каде всушност и се одвиваше апсењето, полицијата пронајде снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена. Покрај оружјето, беше пронајдена и извесна количина на наркотици, како и материјални и биолошки докази за сторени криминални дела.

Српските власти се сомневаат дека Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на криминалната банда просториите на Партизан ги користеле за монструозни измачувања. Извори блиски на истрагата открија дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.

„Србија данас“ напиша дека за разлика од Веља, Маре пораснал во релативно стабилно семејство со родители вработени на добри позиции во администрацијата.

„Курир“ објави и фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле малтретирани жртвите.

Уапсениот Вељко во повеќе прилики го поврзуваа и со луѓе од естрадата, меѓу кои се и соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе, но и со атрактивната поп-ѕвезда Ана Николиќ. Линкот со неа е обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Старлетите Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро, исто така се осомничени дека биле на платен список кај Вељко Беливук и дека за него одработувале по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ана дрогирала цимери, па ги силувала: Вака реагирала кога ја откриле!

Тоа што се случило го нема ниту на филм Ана, 26-годишна девојка, е уапсена откако истрагата утврдила дека четири вечери по ред дрогирала двајца цимери, а потоа и ги силувала. Во моментите на приведување, таа веднаш признала дека им подметнувала средства за заспивање за да може да „игра со нив“, […]