fbpx

Јутјуберот Стефан Лазаров се правда: Чувствувам морална одговорност..

Има ли можност за кривичен прогон, прашуваат оние кои во зборовите на Латас препознаа признание за наводно силување

Подкастот кој младиот јутјубер и инфлуенсер Стефан Лазаров го сними со новинарот Драган Павловиќ-Латас наиде на жестоки реакции во јавноста.

Конкретно, спорен е делот од разговорот каде поранешниот главен и огдоворен уредник на телевизија Сител зборува за своето прво сексуално искуство.

Во неговите зборови многумина препознаа признание за наводно силување (обвинувањата ги имате ОВДЕ!), па сега се огласи и авторот на шоуто, младиот Лазаров.

Неговото официјално обраќање до јавноста ви го пренесуваме интегрално:

Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!

Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!

Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак , ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!

Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш.

Следни Објави

Почина популарниот актер, серијата во која се прослави Македонците ја обожаваат

Холивуд тагува! Почина актерот и комичар Ричард Белзер, најпознат по ТВ серија „Закон и ред: Специјална единица за жртви“. Белзер (78) починал во својот дом во јужна Франција, соопшти неговиот долгогодишен пријател Бил Шефт за “Холивуд рипортер“. „Секоја недела одевме на вечера во заливот Шепсхед за јастог. Еден од најсмешните […]