Реномираниот „Њујорк тајмс“ пишува за измамничка шема од вртоглави 45 милиони долари за продажба на маски во која наводно е вмешан и поранешниот македонски министер за привлекување странски инвестиции, Глигор Ташковиќ. Тој до скоро беше и член на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој. […]
Македониум
Го прогласи вирусот за мртов, денес го разрешија
Разрешен е поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ), Сулејман Реџепи, и до избор на нов претседател функцијата ќе ја извршува гостиварскиот муфтија Хафир Шаќир Хетаи. – Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на […]
Татко ми се обиде да ме убие: Крвнички претепана Моника Конопова (ФОТО +18)
Моника Конопова (Ристeска), девојката која се декларира како гласноговорник за легализација на марихуаната во нашата земја, инаку дипломиран новинар и магистер по филмска продукција, објави неколку вознемирувачки фотографии на „Твитер“ и го обвини нејзиниот татко за семејно насилство. – Пред два часа, татко ми Стојан Ристески, неписмен бездушник и хроничен […]
Кој ќе продолжи со работа од дома, како ќе се патува без државен карантин?
Претседателот на македонската Влада, Оливер Спасовски, на прес-конференција потврди дека од утре целосно престанува важењето на посебен режим за движење, односно укинување на полицискиот час. Од четврток отпочнуваат со работа и угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите. – Според анализите и […]
Од утре нема полициски час
На денешната седница Владата донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, дознава ТВ21. Веќе има и конечна одлука рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток, но според посебен протокол. Одлуките ќе се дознаат во 19 часот кога и ќе биде прес-конференцијата на претседателот на Владата, Оливер […]
Отворање на кафеани, нема веќе полициски час: Се враќаме ли во нормала?
Отворање на угостителските објекти, отворање на градинките и намалување на полицискиот час се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците. Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се […]
Ми скршија 20 трмки, две ми украдоа: Атиџе разочарана од луѓето
Не се плашам од корона, се плашам од лоши луѓе, вели Атиџе Муратова, ѕвездата од оскаровскиот македонски документарен филм „Медена земја“. Жената која пред само неколку месеци нѐ обедини сите, жената од која сите се чукавме во гради дека имаме многу што да научиме, со нејзината последна изјава во медиумите […]
Емилија погребана во Сретеново: Џамбазов со емотивна посвета
Во дојранско Сретеново денеска беше погребана жената-херој, жената која успеа да нѐ обедини, жената што испиша историја! Најблиските денеска се простија од Емилија Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа. Со Емилија се прости и македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов кој […]
Рано останал без мајка, слави за животот на татка си: Васил ја отвори душата
Васил Огњановски, синот на 54-годишниот Иван кој е првиот човек во Македонија на кој му беше извршена трансплантација на срце, рано останал без мајка. Починала од рак кога имал само 12 години, па многу добро знае колку им е тешко на децата на Емилија, жената чие срце сега чука во […]
(ВИДЕО) Запалено култното бистро во МОБ
Во сред полициски час, околу 3.15 часот утринава, засега непознато лице со канта бензин го пали познатиот „Опера паб“, што се наоѓа кај Националниот опера и балет, јавува проталот „А1он“. На снимките од камерите од ресторанот јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на Скопје […]